| we are the best www.hofman.blog.com.mk www.kolekcioner.piczo.com |
| | NATO ILI MAKEDONIJA | |
| | Author | Message |
---|
Dark_Elf-F
Number of posts : 105 Age : 36 Location : Kavadarci Registration date : 2008-04-04
| Subject: NATO ILI MAKEDONIJA Sat Apr 05, 2008 2:11 pm | |
| Aj da ve vidam sto patrioti ste | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: NATO ILI MAKEDONIJA Sat Apr 05, 2008 2:58 pm | |
| poa za patriot sum da znaes deka mi e milo sto edna devojka razmisluva vaka za patriotizam mislam :D:D pa jas ne sum za nato zosto nie preziveavme koj znae kolku godini i bez natoa pa zatoa ke mozeme i dsega da prezivuvame bez NATO | |
| | | Dark_Elf-F
Number of posts : 105 Age : 36 Location : Kavadarci Registration date : 2008-04-04
| Subject: Re: NATO ILI MAKEDONIJA Thu Apr 10, 2008 6:55 am | |
| МАНУ нема изградено став за името
МАНУ сеуште нема изградено став за нови предлози за спорот со името. Деновиве академиците ќе расправаат за тоа, и ќе излезат со предлози и со научни аргументи.
„Сите овие разни имиња кои се очекуваат, сите се надминати, се мора одново. Што мислам јас за „Горна Македонија“, „Северна“ или „Република Македонија (Скопје), тоа е депласирано бидејќи сите очекуваме нови предлози, а сега мојот став и ставот на МАНУ е да излеземе ние, не да очекуваме некој друг да не именува туку да излеземе ние со наш поглед и наш предлог за името. Ќе се отвори проблемот, не се размислува меѓу античка Македонија и словенска Македонија. Тоа се круцијални прашања“, изјави академик Георги Старделов, претседател на МАНУ. Цветан Грозданов
На денешното 41 годишно Собрание на МАНУ, обраќањето на претседателот на академијата Старделов, со главен акцент на самитот во Букурешт и политиката на Грција кон Македонија. Тој повика на единство и слога во судбоносните моменти за Македонија.
„Грчкото вето не е заради името, туку заради нашиот опстанок како народ и како држава. Во Букурешт, Грција нам ни го оспори правото на постоење. Ние не бевме примени во НАТО само затоа што имавме свое име“, вели академик Цветан Грозданов.
На годишното Собрание потпретседателот на МАНУ, Владо Камбовски, ја објави и програмата за работата на академијата во 2008 година. | |
| | | Dark_Elf-F
Number of posts : 105 Age : 36 Location : Kavadarci Registration date : 2008-04-04
| Subject: Re: NATO ILI MAKEDONIJA Thu Apr 10, 2008 7:29 am | |
| Сите опции за НАТО остануваат отворени
Сите опции на еден ден пред почетокот на најавениот самит на НАТО се отворени. Можноста Македонија да добие покана за влез во Алијансата е исто толку голема колку и Грција да стави вето и со тоа да ја дестабилизира и Македонија, но и регионот.
Инаку, се уште нема потврда дека сценариото за условена покана е најверојатната опција. Како ќе се одвиваат настаните поврзани со името во наредниве неколку дена во Букурешт, пред се зависи од американскиот претседател Буш, кој по политичките најави дека името не може да е причина Македонија да добие покана, попладнево пристигна во Букурешт.
Се очекува тој овде да ги повтори пораките, со кои на Грција дипломатски и порача да не го попречува проширувањето на НАТО.
Претходно во Скопје, македонскиот Премиер со оптимизам дека сепак во интерес на регионот и на Алијансата, Грција ќе се повлече од цврстите ставови за вето.
Македонија направи се што од неа се бараше и да заслужи да добие покана за влез во Алијансата, изјави премиерот.
„Успеавме да дојдеме до ситуација 26 држави, членки на НАТО, со задоволство да кажат дека Република Македонија е спремна, подготвена, со сите стандарди, со сите обврски, со сите реформи, со сите напредоци, да стане дел од НАТО Алијансата. До овој момент до 13 часот, се уште немаме потврда од Грција дека ќе ја поддржи оваа покана, меѓутоа дури и нејзините аргументи не се поврзани со она што го сработивме во минатиот период, а сработивме многу. И ние како Влада и сите претходни влади и независно на исходот сакам на сите да им се заблагодарам за се она што го направија до сега“, изјави Груевски пред полетувањето за Букурешт.
„Како што кажав одам со верба и со надеж за успех, со верба и со надеж да се валоризира трудот на сите досегашни влади и на сите граѓани на Република Македонија, што издржаа многу премрежиња, многу искушенија, за да дојдеме до овој момент“, додаде Груевски.
Не се планираат средби на агендата на македонската делегација, но во текот на оваа вечер би можело да дојде до средба на македонски и грчки партнери.
Наспроти американските оптимистички ставови дека спорот со името не смее да влијае на проширувањето на Алијансата, грчките власти денеска едногласно на ставот дека без решение за името многу тешко ќе дојде до покана за Македонија. | |
| | | Dark_Elf-F
Number of posts : 105 Age : 36 Location : Kavadarci Registration date : 2008-04-04
| Subject: Re: NATO ILI MAKEDONIJA Thu Apr 10, 2008 7:31 am | |
| Нема разврска за македонскиот влез во НАТО
Засега нема видлива разврска во спорот околу името и македонскиот влез во НАТО. На неколку часа пред почетокот на самитот, сите опции за македонскиот влез се отворени.
Наспроти грчките брифинзи кои говорат за зацементирана позиција на јужниот сосед за вето, стојат пораките на неколку членки на НАТО, пред се САД, Романија и Словенија, кои бараат од Грција, во интерес на регионот и Алијансата, да ги повлече заканите за вето.
Позитивно поместување напред не е постигнато ниту по вчерашните телефонски разговори на германската канцеларка Меркел со премиерите на Грција и Македонија. Според Меркел, доколку Македонија не добие покана за НАТО, тоа ќе биде многу лош сигнал за регионот.
Таа од Груевски и Караманлис побарала двете земји, овде на самитот, да започнат директни разговори за да се надмине спорот за името и сите три членки на Јадранската група да добијат покани.
А1 дознава дека, за разлика од претходно, кога Караманлис ја отфрли можноста да дојде до нова средба со македонските соседи, вчера од Атина стигнале поинакви најави и можност денеска, под покровителство на САД, да дојде средба со македонските колеги. | |
| | | Dark_Elf-F
Number of posts : 105 Age : 36 Location : Kavadarci Registration date : 2008-04-04
| Subject: Re: NATO ILI MAKEDONIJA Thu Apr 10, 2008 7:32 am | |
| Нема разврска за македонскиот влез во НАТО
грчкиот преговарач за името, амбасадорот Василакис, на амбасадорите на земјите на ЕУ во Атина им рекол дека Грција сака да ја види Македонија во НАТО но, дека во моментов таквото сценарио е невозможно поради тврдиот став на Скопје.
Претходно премиерот Караманлис, во писмо до европските лидери побарал разбирање за ставот на Грција да стави вето доколку нема решение за спорот.
Македонските надежи во следните два дена се фокусирани на американскиот претседател Буш, кој инсистира на влез на Македонија во НАТО.
Во меѓувреме информациите од дипломатски извори велат дека проблемот со Македонија на денешната свечена вечера на членките на НАТО, би можел да го постави британскиот премиер Гордон Браун. Неофицијално се очекува токму Британија, како историски пријател на Грција, да бара Атина да не го попречува проширувањето на НАТО.
Од македонската делегација нема официјални информации за што точно ќе разговараат Груевски и Браун, на средбата закажана за денеска попладне.
Портпаролот на владата Боцевски, верува дека и покрај песимистичките најави од Атина, ветото не е неизбежно.
Партиски извори во текот на вчерашниот ден тврдеа дека Македонија може да се надева на покана под референцата од ООН.
„Очекуваме богата и интензивна комуникација, билатерална, на сите политички чинители, на сите државни функционери од Република Македонија. Она што можам да потврдам е дека не очекуваат средби со премиерите на Италија, Словенија и Велика Британија. Тоа е тоа што е засега потврдено, се разбира дека во текот на самитот ќе информираме и за другите настани“, изјави синоќа портпаролот Боцевски.
„Премиерот веќе најави, ние доаѓаме овде со верба и со надеж дека рационалноста ќе преовладее и дека Република Македонија нејзините партнери треба да ја ценат според тоа што го стори според критериумите што беа валидни за членство во НАТО и коишто, според сите согледувања, на сите аналитичари, на сите релевантни фигури, на сите релевантни институции, Македонија веќе ги исполни“, додаде Боцевски. | |
| | | Sponsored content
| Subject: Re: NATO ILI MAKEDONIJA | |
| |
| | | | NATO ILI MAKEDONIJA | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | You cannot reply to topics in this forum
| |
| |
| |
|