Брисел бара од Македонија реформи. Ова денеска еврокомесарот за проширување Оли Рен, прецизно го порача пред Европарламентот. Со тоа, не експлицитно, но индиректно, јасно стави до знаење што е најдобро решение за Македонија, после букурешкиот самит - реформи.
„Политичката стабилност ќе биде суштинска за успех. Кога ги сретнав Претседателот и Премиерот, пред некоја недела во март во Скопје, ги повикав сите политички сили во земјата да ги концентрираат своите енергии во реформската агенда, за да се искористи можноста за оваа година. Она што и претстои на земјата, го повторувам ова и денеска, што не е помалку важно после букурешкиот самит. Прашањето за името одзема многу политичка енергија во последно време“, изјави Оли Рен, еврокомесар за проширување.
Европарламентарците Јоханес Свобода и Јелко Кацин со став. Свобода не е мудро, според нашето мислење, да се оди на предвремени избори, треба да се оди на преговори да се најде решение. Ова е порака до македонските парламентарци, „не се однесувајте сега нерационално, однесувајте се рационално, мирно. Обидете се да најдете решение, зошто изборите не го решаваат проблемот со името“.
Кацин вели, „ние известивме во извештајот дека оваа земја е стабилна, вие напредувате. Имате способност да продолжите и да почнете со преговори, но изгледа дека вашиот Премиер не си верува на себеси. Ова е погрешна проценка“.
Македонските парламентарци Теута Арифи и Кондарко, изјавија, не не поддржуваат европарламентарците за предвремени избори.
Она што е значајно е дека извештајот денеска не беше усвоен по барање на социјалистите, кои сакаат доволно време да ги убедат грчките парламентарци да гласаат позитивно за извештајот за Македонија.
Во секој случај политичките лидери во Македонија добија апел од Брисел и од комисијата и од Парламентот, вчера и од Солана - во име на иднината на земјата, на граѓаните, да се концентрираат на реформи. Се друго е губење време.