we are the best
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
we are the best

www.hofman.blog.com.mk www.kolekcioner.piczo.com
 
HomePortalLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???

Go down 
AuthorMessage
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:38 am

Македонија не доби покана за прием во Алијансата. Земјите членки не постигнаа консензус, поради грчкото вето, се додека не биде постигнато заеднички прифатливо решение за спорот со името.

Ова на новинарите им го соопшти генералниот секретар на НАТО, Шефер. Тој призна дека Македонија направила огромен напор, завршила огромни задачи но, поради грчкото вето не може да стане членка на НАТО.

Шефер сугерираше процесот на преговори да продолжи во рамките на ОН и не даде рок до кога тој треба да заврши. Тој додаде дека поканата за НАТО ќе дојде тогаш кога Македонија и Грција ќе најдат заедничко решение.

„Сакам да ве информирам дека мината ноќ донесовме одлуки кои ќе ја променат Алијансата. Прво како што знаете, да се понуди покана за пристап на две земји кон НАТО. Во името на сите земји членки им посакувам добре дојде во нашето семејство. Има една земја на која не и понудивме покана“, изјави Шефер.

„Се согласуваме дека поранешната југословенска Република Македонија завршила голема работа и ги променува вредностите на НАТО. Ги пофалуваме за заложбите да изградат слободно општество. Со преговарачите со посредништво на ОН се трудеа да дојдат до решение околу името, меѓутоа преговорите не дадоа решение. Поради тоа се согласивме дека поканата на поранешната југословенска Република Македонија ќе биде понудена штом се постигне прифатливо решение за името. Ги охрабруваме преговорите и очекуваме да завршат што е можно побрзо“, додаде Шефер.


Last edited by Dark_Elf-F on Thu Apr 10, 2008 7:42 am; edited 1 time in total
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:38 am

Веднаш по прес конференцијата, генералниот секретар на НАТО, заедно со претседателите и премиерите на Хрватска и Албанија, им се придружи на останатите шефови на државите членки на Алијансата во големата сала, кадешто почна пленарната седница.

Сепак, прв говорник на седницата, веднаш по воведниот збор на генералниот секретар Шефер, беше американскиот претседател Буш. Во првите неколку реченици тој ја нагласи улогата на Македонија.

Ако е за утеха, треба да кажеме дека претседателот Буш потроши двојно повеќе време за Македонија, отколку за двете нови членки, Хрватска и Албанија.

Тој рече дека Македонија направила многу не само за мисијата на НАТО во Ирак и Авганистан, туку и во Босна.

Тој побара да се интензивира комуникацијата со нашата земја, за да се знае дека алијансата чека на влезот на Македонија во НАТО.
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:39 am

Портпаролот на грчкото МНР објави дека Грција жали но, во моментов не може да дозволи Македонија да добие покана за НАТО. Остануваат само минимални шанси во следниве 24 часа да се дојде до некое решение, кое што ќе биде прифатливо за двете страни.

Според Кумуцакос, кога две земји, едната аспирант за членство во НАТО, а другата членка на Алијансата имаат проблем како овој проблем со името, едната членка не може да дозволи аспирантот да го постигне тоа што го сака.

Според Кумуцакос, Алијансата не е само група држави коишто се влезени во заеднички политички сојуз, туку земјите членки делат и заеднички вредности. Во случајов според Кумуцакос, Македонија ги нарушува добро соседските односи со Грција и се уште не заслужува да стане членка на Алијансата.

„Веруваме дека ова е стратешка акција за нашата политика, затоа што се нарушува стабилноста, а поддршката се темели на сите кандидати, со оглед на критериумите на НАТО, но сите критериуми. Евроатлантски перспективи бараат конкретни чекори и почит кон соседите. Кандидатите мораат да ги посвојат овие важни критериуми“, изјави Јоргос Кумуцакос, портпарол на грчкото Министерство за надворешни работи.

„Што се однесува до индивидуалните перформанси, знаеме дека Хрватска направи значителни чекори и ги исполни барањата на НАТО, и веруваме дека оваа земја треба да биде поканета, да се приклучи кон НАТО. Истото важи за Албанија, ја поддржуваме да стане членка на нашата НАТО фамилија“, рече Кумуцакос.

„Што се однесува до поранешната југословенска Република Македонија, нашата проценка која што се темели на нејзиниот учинок е сосема поинаква. Веруваме дека условите коишто се однесуваат на нејзиното членство, вклучувајќи го и круцијалниот услов се уште не е исполнет. Знаеме дека во тек се долгогодишни преговори под овластување на ОН и дека постојат разлики во билатералните односи и што се однесува до регионалната стабилност“, вели Јоргос Кумуцакос.

„Што се однесува до главното прашање, знаете дека преговорите се одвиваат веќе 15 години, за жал се до овој момент нема позитивен исход. Велам за жал затоа што веруваме дека Грција стори се што можеше да стори за да му помогне на процесот за да дојде до позитивен исход“, додаде Кумуцакос.
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:40 am

Ветото на Грција за Македонија му нанесе најтежок пораз на НАТО во историјата, го урна митот за водечката улога на САД и ја покажа индиферентноста на ЕУ.

Ова се главните содржини на светските медиуми, според кои најголем губитник од ветото е всушност Грција, која што ја потврди својата деструктивна улога во меѓународната политика, а со ветото ја загуби и апсурдната битка за името, што ја наметнува од позиција на сила.

Според „Асошиејтед прес“, американскиот претседател Џорџ Буш на самитот на НАТО доби болен дипломатски удар, откако сојузниците го отфрлија неговото залагање за проширување со Македонија, Украина и Грузија.

Блокадата од Грција ја остави Македонија надвор од НАТО и покрај целосната согласност на сите земји членки, пишуваат лондонските медиуми.

„Гардијан“ вели дека грчкото „огорчено спротивставување“ ја раздели „балканската тројка“ па сега само Албанија и Хрватска ќе добијат покана за прием, додека Македонија, иако беше фаворизирана од САД и од другите членки, не ја доби поддршката, затоа што нејзиното име, според Грција, сугерирало претензии кон името на истоимената северногрчка провинција.

„Фајненшл Тајмс“ кој навиваше за македонскиот прием, тврдејќи дека Македонија најмногу заслужува да се најде во северноатлантската Алијанса, со жалење констатира дека поканата се одлага.

Според лондонски „Дејли Телеграф“ не ќе може да се реализира планот на американскиот претседател Џорџ Буш, кој е еден од најголемите поддржувачи за ширењето на НАТО на Балканот и кој на Македонија гледа како на сојузник.
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:41 am

Министерката за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, изрази жалење што Македонија не добила покана за НАТО и изрази поддршка на македонските аспирации за влез во Алијансата.

„Грција е задоволна поради влезот на Албанија и Хрватска, ќе бидеме задоволни кога ќе ја поканиме ФИРОМ да биде дел од НАТО. Токму тоа го кажав претходно на грчки. Ќе бидеме многу задоволни кога ќе можеме да го направиме тоа. За да дојде до тоа, мораме да работиме на добрососедските односи. Сакам да им испратам порака на луѓето во ФИРОМ и јасно да им кажам дека Грција имаат пријателски чувства за луѓето во ФИРОМ“, изјави Дора Бакојани, министер за надворешни работи на Грција.

„Сакаме заедно да живееме во овој регион, мирно и просперитетно. Сакаме ФИРОМ да биде членка на НАТО и ЕУ. Тоа е наша цел, но за да дојде до тоа треба прво да го решиме прашањето за името. Водиме преговори со посредство на ОН и господинот Нимиц. Ќе продолжиме да работиме и да преговараме и сигурна сум дека ако има политичка желба, ќе најдеме прифатливо име“, рече Бакојани.

„Грција никогаш нема да наметне какво и да е име. Ќе постигнеме договор за името, не сакаме да наметнеме какво и да е име, затоа нема да зборувам за конкретни имиња. Сакаме решение каде што нема да има победници ни поразени, каде што обете нации ќе бидат победници. Тоа е целта за која работиме. Мојот одговор е дека привремениот договор може да се користи, но мораме јасно да кажеме дека добрососедските односи се многу важни ако сакаме односи на сојузници и Алијансата денес го прифати тоа“, вели Дора Бакојани.

„Го одбивме предлогот на господин Нимиц, бидејќи не верувавме дека тој предлог ќе го реши проблемот. Му ги испративме нашите препораки и погледи на господинот Нимиц. И понатаму ќе работиме на секаков можен предлог кој господинот Нимиц може да го стави на маса. Ако постои волја, постои решение. Мислиме дека Грција има решение и ние го покажавме тоа. Се надевам дека и Скопје ќе реагира на ист начин во следните денови“, изјави Бакојани.
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:41 am

„Мислиме и нашиот интерес е долгорочната стабилност на регионот. Грција е една од најстарите членки на НАТО и една од најстарите членки на ЕУ. Знаеме колку чувствителен може да биде регионот, цврсто сме уверени дека логиката на иредентизам му припаѓа на Балканот од минатото, а не на иднината. Мораме да градиме заедничка европска иднина во регионот, мораме да ја градиме на цврсти темели“, рече Дора Бакојани.

„За да се изградат такви цврсти темели, треба да се отстранат секакви проблеми кои искрено им припаѓаат на други генерации, на други системи, на други политички однесувања кои немаат ништо заедничко со идната Европа која сакаме да ја изградиме. Мораме да изградиме заедничка европска иднина и тоа врз цврста основа. А за солидна основа, мора да се ослободиме од какви било проблеми, кои, искрено, припаѓаат на други генерации, други системи, други политички односи и немаат ништо заедничко со идната Европа која сакаме да ја изградиме“, смета Бакојани.

„Издадено е коминике и со него се согласија сите земји членки и не верувам дека обвинувањата за двојни стандарди имаат основа. НАТО работи на многу јасен и дефиниран начин, верувам дека добрососедските односи се многу важни, ако сакате да изградите сојузнички односи. Ние ќе продолжиме да одиме по таа патека и ќе се обидуваме колку што можеме, зашто ние веруваме дека вашата земја никогаш не прифати и го потцени името ПЈРМ уште од првиот момент и веруваме дека треба да најдеме решение за проблемот со името, а не само да го затскриеме или да го ставиме под тепих. Ќе најдеме решение, ако продолжиме со преговорите. Веруваме дека нема ризици за дестабилизирање на вашата земја, вие работевте напорно и постигнавте голем напредок“, додаде Бакојани.
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:43 am

Ветото на Грција за Македонија му нанесе најтежок пораз на НАТО во историјата, го урна митот за водечката улога на САД и ја покажа индиферентноста на ЕУ.

Ова се главните содржини на светските медиуми, според кои најголем губитник од ветото е всушност Грција, која што ја потврди својата деструктивна улога во меѓународната политика, а со ветото ја загуби и апсурдната битка за името, што ја наметнува од позиција на сила.

Според „Асошиејтед прес“, американскиот претседател Џорџ Буш на самитот на НАТО доби болен дипломатски удар, откако сојузниците го отфрлија неговото залагање за проширување со Македонија, Украина и Грузија.

Блокадата од Грција ја остави Македонија надвор од НАТО и покрај целосната согласност на сите земји членки, пишуваат лондонските медиуми.

„Гардијан“ вели дека грчкото „огорчено спротивставување“ ја раздели „балканската тројка“ па сега само Албанија и Хрватска ќе добијат покана за прием, додека Македонија, иако беше фаворизирана од САД и од другите членки, не ја доби поддршката, затоа што нејзиното име, според Грција, сугерирало претензии кон името на истоимената северногрчка провинција.

„Фајненшл Тајмс“ кој навиваше за македонскиот прием, тврдејќи дека Македонија најмногу заслужува да се најде во северноатлантската Алијанса, со жалење констатира дека поканата се одлага.

Според лондонски „Дејли Телеграф“ не ќе може да се реализира планот на американскиот претседател Џорџ Буш, кој е еден од најголемите поддржувачи за ширењето на НАТО на Балканот и кој на Македонија гледа како на сојузник.
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:44 am

Веста дека Македонија не е примена во НАТО, поради спорот со Грција за името, граѓаните на земјава ја дочекаа на нож. Сметаат дека одлуката е неправедна, недемократска, контрапродуктивна, која покажува дека НАТО нема своја константна политика.

Размислувањата на македонските граѓани одат до таму што на државно-владиниот врв му порачуваат да ги прекине преговорите за името.

Но, кај дел од нив се уште владее оптимизмот дека со продолжување на разговорите ќе успееме во нашите евроатлантски намери.

„Ова уште еднаш покажува колку е Грција фашистичка земја и колку грчкиот национализам е убедливо најупорен, најстрашен на Балканот. Ако е тоа некој мал пораз за Македонија, оти така го сфаќам, тоа е голем пораз за некоја демократија и сфаќање на правичност во широка смисла“, вели граѓанин.

„Мислам дека не е реално, мислам дека требаше да влеземе во НАТО. Не требаше воопшто да одиме во НАТО, требаше сите да облечеме униформи на НАТО и да излеземе во Авганистан и во Ирак, да им помогнеме на сиромашките Американци. Се зависи од Грција, од нас ми се чини дека не зависи ништо сега засега“, рекоа граѓаните.

Инаку, денеска пред грчката канцеларија за врски ја немаше вообичаената фреквенција на луѓе, додека неколкумина граѓани кои тропаа на вратата не беа удостоени со каков било одговор.

Покрај вообичаеното полициско обезбедување, пред грчката канцеларија за врски имаше и воена полиција.

Сепак, очите на минувачите повеќе беа насочени кон разголената манекенка, која пред дипломатското претставништво позираше за еден од македонските весници.
Back to top Go down
Dark_Elf-F

Dark_Elf-F


Number of posts : 105
Age : 36
Location : Kavadarci
Registration date : 2008-04-04

KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? EmptyThu Apr 10, 2008 7:45 am

Лошите вести од Букурешт не смеат да не обесхрабрат. Напротив, во оваа битка Македонија е морален победник. Грција го потроши својот џокер.

Смирувачки тонови и оптимистички погледи доаѓаат од нашите универзитетски професори.

„Нашите граѓани и Македонија да почувствува морална супериорност. Таа никому ништо не оспори, нејзе и е оспорено и сите знаат дека е неоправдано оспорено“, изјави Ферид Мухиќ, универзитетски професор.

„Она што сега всушност е најважно е да се потсетиме дека и покрај тоа, сонцето продолжи да свети, иако тие мислеа дека ќе го згаснат за нас кога го тргнаа или кога ние го тргнавме од знамето“, смета Мухиќ.

Сега, по самитот на НАТО, на Македонија и треба единство, велат професорите. Адутите се на наша страна, критериумите за влез во Алијансата се исполнети, направивме отстапки во однос на уставното име. Односот на Грција го помина прагот на толеранцијата.

„Во овој момент ни е најважна внатрешната кохезија, да не навлеземе сега во некакви внатрешни расправии околу сево ова, зошто и како се случи, кој прв почна, кој е виновен. Тоа би било најлошо во овој момент“, вели Иван Џепароски, универзитетски професор.

„Мислам дека ова е момент којшто бара едно внатрешно единство и искористување на сите внатрешни потенцијали - интелектуални, духовни, културни и историски“, додаде Џепаровски.

Според аналитичарите, кога ќе спласнат емоциите, во следниот период треба да се направат анализи, да се искористи американската поддршка и потранспарентно и погласно да ја кажуваме нашата вистина во оваа битка со Грците, затоа што поканата не ја добивме, но стекнавме поголем углед во светот.


lol! lol! lol!
Back to top Go down
Sponsored content





KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty
PostSubject: Re: KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???   KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO??? Empty

Back to top Go down
 
KOJ NE IZVISI GRCIJA ILI NATO???
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» NATO ILI MAKEDONIJA

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
we are the best :: Politika i nadeznite Politikolozi na podnebjeto MAKEDONSKO-
Jump to: