Македонија и македонскиот народ не се виновни што не беа поканети во НАТО, а Алијансата навистина смета дека Македонија треба да се придружи во најскоро можно време.
Ова, ноќеска од Букурешт го порача американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.
„Сметам дека сојузниците навистина мислат „во најскоро можно време“, бидејќи сите сакаат да ја испратат вистинската порака до Македонија и до Македонскиот народ“, вели секретарот Рајс, појаснувајќи дека, тие не се оние, кои не успеале.
„Добра работа е што немаше сугестии дека Македонија не е подготвена на било кој начин, дека тие на некој начин не го исполниле критериумите. Доколку го читате јазикот, она што го вели е дека Македонија всушност е поканета штом ќе го реши името - решение за прашањето за името“, вели Рајс.
Таа вели дека САД и други држави работеле Македонија да ја добие поканата, но оти НАТО е организација која функционира со консензус.
Рајс се надева дека прашањето за името ќе се реши скоро.