| we are the best www.hofman.blog.com.mk www.kolekcioner.piczo.com |
|
| Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki | |
| | Author | Message |
---|
AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sat Apr 05, 2008 11:49 pm | |
| ako imate nekoj poredlog za nekoja dobra pijacka ili nekoe koktelce mozete da go pisete i da gi komentirate tie sto ke bidat navedeni | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sat Apr 05, 2008 11:50 pm | |
| Правила за пиење: Ако чувствуваш дека запаѓаш во депресија, разгледај некој водич за шанкери и разгледај ги пијалоците или коктелите што не си ги пробал никогаш. (или читај го делот за Пијалоци )
Пробај по еден нов пијалок секоја недела.
Може лесно да се препознае колку е некој голем љубител на алкохол, според тоа колку блиску ја држи чашата до устата. Каде се наоѓаш ти?
Во кафич, треба да се однесуваш како возрасна личност, а не како дете излезено од градинка. Ако истуриш пиво, исчисти го. Ако скршиш чаша, почекај некој од персоналот да исчисти, а потоа
обвини некој друг дека ја скршил чашата.
Да си пијан значи да се чувствуваш софистицирано без да бидеш способен да го изговориш зборот с-о-ф-и-с-т-и-ц-и-р-а-н.
После три пијалоци, ќе го заборавиш името на девојката која седи до тебе, 2 секунди откако ти го кажала. Остатокот од вечерта, ќе и се обраќаш со: Срцка/Злато.
Со секој нареден пијалок, за 5% ти се зголемуваат шансите да се вмешаш во тепачка. А во исто време, за 3% ти се зголемуваат шансите дека ќе изгубиш. (исклучок од ова правило се оние со целовечерно весело пијанство)
Ако дојде до некое недоразбирање, запамти: шишето пиво кое е пополно е ТВОЕ!
Прифатливо е, а на некој начин и традиција, да исчезнеш за време на тешка пијанка. Ќе испаднеш ептен мистериозен и другарите ќе те разберат
ако воопшто приметат дека те нема.
Ако се двоумиш повеќе од 3 секунди откако ќе те погледне шанкеротне заслужуваш пијалок.
Ако веќе сакаш да почнеш со пиење уште на работа, пиј водка. Тоа е пијалок кој нема да те издаде на шефот.
Ако се гледаш со некој дечко/девојка што добива гратис шише алкохол од маркетот затоа што им е најредовен муштерија, БЕГАЈ ОД НЕГО ВЕДНАШ! А потоа најди малку време, и преиспитај си ги своите критериуми за дечко/девојка. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sat Apr 05, 2008 11:54 pm | |
| Доколку подготвуваш домашна забава: роденден, матурска, дипломска, Нова година и слично, и сакаш да подготвиш нешто поразлично, еве предлог како да внесеш нешто оригинално направи коктели.
И тоа не било какви од типот на измешај водка со џус, па додај малку џин, па рум, а може и сок од боровница, туку оригинални рецепти на најпознатите светски коктели чии имиња сме ги слушнале во Џемс Бонд филмовите или Сексот и градот.
За почеток еве неколку коктели кои се базираат на водка.
Шрафцигер (Screwdriver)
Наполни една висока чаша со мраз и додај:
* 45 ml водка * џус од портокал (колку да ја дополниш чашата)
Измешај 2-3 пати и коктелот е спремен за сервирање. Се сервира во висока чаша.
П.С. Следниот пат кога ќе нарачувате водка-џус, кажете му на келнерот да ви донесе Шрафцигер
Крвавата Мери (Bloody Mary)
Наполни ниска чаша со мраз.
Додај:
* 45 ml водка * 10 ml Ворчестер сос * 10 ml Табаско сос * 10 ml сок од лимон * џус од домати (за да прокрвари Мери)
Измешај се и декорирај со сол на ивицата од чашата. Се служи во ниска чаша.
Секс на плажа (Sex On The Beach)
Стави мраз во висока чаша. Додај:
* 30 ml водка * 30 ml ликер од праска * 45 ml џус од портокал * 45 ml оз сок од боровница
Измешај ги состојките и коктелот е спремен за служење. Се служи во висока чаша.
Водка мартини (Vodka martini)
* 45 ml водка * 10 ml сув вермут
Искомбинирај ги овие состојки во шејкер со искршен мраз. Добро истреси го шејкерот. Измешај го коктелот и служи го во ледена коктел чаша. На крај стави маслинка и тоа е се.
П.С. Ова е во стилот на Џемс Бонд, "shaken, not stirred."
Космополитен (Cosmopolitan)
Потребни ти се:
* 30 ml водка * 15 ml Triple Sec или било кој друг ликер со вкус на портокал (Cura็ao, Cointreau, Grand Marnier) * 15 ml Rose'sฎ сок од лимета (може и сок од цитрон) * 15 ml сок од боровница
Стави ги сите овие состојки во шејкер со мраз добро истреси го. Се служи во коктел чаша.
Пина Колада (Pina Colada)
За овој коктел ти треба:
* 90 ml светол рум * 3 лажички (за кафе) кокосово млеко * 3 лажички (за кафе) исецкан ананас
Стави ги сите состојки во електричен блендер со 2 шолји искршен мраз. Вклучи го блендерот на најголема брзина и нека работи кратко време. Потоа се става во висока цилиндрична чаша и се служи со сламка. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sat Apr 05, 2008 11:56 pm | |
| Веќе пишував за некои коктели кои горе-долу на сите ни се познати (ако не сме ги пробале, барем сме чуле за нив). Овој пат ќе ви претставам неколку коктели кои се базираат на џин и имаат многу интересни имиња, а не се ни многу тешки за приготвување.
Wonder Bra
Се зема шејкер и се додава мраз. Потоа додаваме:
* 45 ml џин * 25 ml ликер од портокал * 30 ml сок од ананас
Се мешаат сите состојки со мразот и се служи во ледена коктел чаша.
Валкана Девица (Dirty Virgin)
Се зема шејкер и се ставаат неколку коцки мраз. Потоа се додава:
* 45 ml џин * 15 мл ликер од чоколадо
Сето добро се меша и се сервира во висока чаша.
Седмо небо (Seventh Heaven)
Потребно е следново:
* 45 ml џин * 2 кафени лажички сок од грејпфрут * 1 кафена лажичка мараскино ликер * 1 ментол бонбонa
Се меша се заедно (освен ментолот) во шејкер со мраз. Се служи во коктел чаша и се додава ментолот.
Сина Месечина (Blue Moon)
Наполни го шејкерот со мраз и додај:
35 ml џин
15 ml Blue Curacao ликер
45 ml свеж сируп од лимон (цеден лимон измешан со шеќер)
90 ml сок од ананас
Истреси го добро шејкерот, а потоа сервирај го во висока чаша наполнета со мраз. За декорација може да се искористи едно тркалце лимон.
Коко Шанел (Coco Channel)
Се земаат следниве состојки:
* 30 ml џин * 30 ml ликер од кафе * 60 ml шлаг
Се ставаат во шејкер со мраз, се меша и се сервира во мартини чаша.
Булдог (Bulldog)
Се ставаат следниве состојки во шејкер:
* 45 ml шери бренди * 25 ml џин цеден сок од половина лимон
Убаво се меша се и се сервира во коктел чаша. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sat Apr 05, 2008 11:56 pm | |
| За сите љубители на добриот пијалок, повторно ви подготвив рецепти за неколку коктели. Овојпат избрав неколку коктели за кои задожително ви е потребно бренди. Се надевам дека ќе ви се допаднат и дека ќе се најдат на вашето мени за следната забава.
Помеѓу чаршафите (Between the sheets)
Потребно е:
30 ml бренди
15 ml рум
15 ml ликер од портокал
сируп од лимон
Ставете ги брендито, румот и ликерот во чаша полна со мраз. Дополнете со сирупот од лимон и коктелоте спремен за сервирање.
Месечева светлина (Moonlight)
Потребно е:
60 ml бренди од јаболко
1 цеден лимон
1 кафена лажичка шеќер во прав
Се мешаат сите состојки заедно со мраз, потоа сето тоа треба да се тури во чаша, и така се сервира.
Шест девојки (Six chicks)
Потребно е:
45 ml црвено вино Merlot
45 ml тоник
10 ml бренди
10 ml сок од лимон
Пред да почнете приготвувањето на овој коктел, потребно е сите состојки да бидат добро изладени. Во една чаша се ставаат брендито и сокот од лимон и се мешаат. Во друга чаша ги ставаме виното и тоникот, и ги мешаме. На крај ја додаваме мешавината од првата чаша во втората, и коктелот е спремен за служење.
Лавот Лео (Leo the lion)
Потребно е:
60 ml сув вермут
15 ml бренди
1 кафена лажичка ликер со вкус на ментол
Се ставаат вермутот, брендито и ликерот во шејкер до половина наполнет со мраз. Измешајте добро, а потоа сервирајте во коктел чаша.
Дамо, бидете добра (Lady be good)
Потребно е:
45 ml бренди
15 ml ликер со вкус на ментол
15 ml сладок вермут
Се мешаат сите состојки со мраз, а потоа коктелот се сервира во коктел чаша.
Зелена соба (Green room)
Потребно е:
30 ml сув вермут
15 ml бренди
2 капки ликер од портокал
Се мешаат сите состојки со мраз и се сервираат во коктел чаша. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sat Apr 05, 2008 11:58 pm | |
| Енергетски микс ијалоците што содржат кофеин,како што се кафето и енергетските напивки,нес смеат да ги пијат пречуствителни луѓе,деца и трудници.
Предозирањето со кофеин, особено ако се измеша со алкохол, може да предизвика неправилна работа на срцето, па и кардиоваскуларен колапс.
Мешањето на алкохолните пијалаци со напивки во кои има кофеин може да нанесе голема штета на организмот.
Не треба да се мешаат
Младите многу бргу ги прифатија енергетските напивки уверени дека можат да ги пијат во неограничени количества.Напивките што даваат сила станаа моден тренд.Но производителите не предвиделе дека има многу луѓе кои се пречуствителни на алкохол и кофеин и дека овие енергетици ќе се мешаат со алкохол.
Познато е дека меѓудејството на лековите и на алкохолот и се знае дека НЕ СМЕЕ да се мешаат.Иако енергетсите напивки не се лекови, реакциите во организмот се слични.Две спротивности не се поднесуваат - кофеинот е стимуланс (поттикнува активност) а алкохолот е депресант (смирува). И двата дејствуваат на мозокот.Ако се пијат во поголеми количества може да дојде до оптеретување на срцето.
Но во напивките не се спорни само кофеинот и алкохолот.Во енергетските пијалаци неретко има и ефедрин, а кога овие материи ќе се измешаат имаат слично дејство како и дрогата "екстази".Тогаш шансите за колапс се уште поголеми. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sat Apr 05, 2008 11:59 pm | |
| Енергетски микс - Дел 2 Еуфорија - Депресија - Несоница
Не треба да се заборави дека кофеинот го има и во многу таблети против болка, во количество од 60 - 200 мг. но и дека кофеинот во големи количества може да предизвика главоболка.
Шоља еспресо, содржи 60 мг. кофеин, еден литар кока кола 130 а во една лименка енергетски пијалак (од 250 мл.) има 90 мг кофеин.Во чајот освен кофеин, има и други алкалоиди како што се теофилинот и теоборминот.Сите производи во кои какаото е главна состојка исто така содржат кофеин.
Петнаесет минути по пиењето на пијалакот кофеинот стигнува до крвта.
Бидејќи дејствува стимулативно на централниот нервен систем, ја забрзува работата на срцето поради што телото е подобро снабдено со кислород.
Освен тоа, кофеинот го забрзува трошењето калории,дишењето,излачувањето урина и желудочна киселина.По консумирањето кофеин се подобруваат расположението, концентрацијата и мотивираноста, но таквата состојба трае релативно кусо време, од 30 - 60 мин.
Тогаш доаѓа до втората депресивна фаза.Поголема доза кофеин не ја поправа состојбата туку само ја влошува, а колку почесто се зема толку послабо дејствува.
Ако испиеме 4 лименки енергетски пијалок, внесуваме околу 350 мг. кофеин. Тоа е доволно за еуфорија во првата,депресија во втората и несоница во третата фаза. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Sun Apr 06, 2008 12:00 am | |
| Енергетски микс - Дел 3 Забрзана работа на срцето и бес
Меѓународниот олимписки комитет кофеинот го третира како еден вид дрога и има одредени санкции ако во урината на спортистите се открие голем процент на оваа материја.
По осум шољи јако кафе во урината може да се најде големо количество кофеин дури 700 мг/л. Како стимуланс кофеинот го одлага уморот.Притоа подобро дејствува ако со денови не се пие никаква напивка што содржи кофеин.
Просечно чуствителен човек дневно може да поднесе од 100 - 130 мг. кофеин, што одговара на количеството на 2 - 3 кафиња или на една и пол лименка енергетска напивка. Но ако дозата биде 2,3 пати поголема следи несоница,мигрена,забрзано чукање на срцето и неконтролиран бес.
Со оглед на тоа дека се зголемува излачувањето на урината, кофеинот го забрзува губењето на течности од организмот.Затоа напивките со кофеин предизвикуваат жед.Како последица на тоа е дехидратацијата на организмот. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki Wed Apr 09, 2008 2:30 am | |
| Црна Водка
Blavod Најпознатата црна водка во Северна Америка е Blavod. Се произведува во UK има исклучителна боја и чист вкус. Некои велат дека Blavod има најдобар вкус од сите обоени пијалоци но други пак го тврдат спротивното дека бојата има влијание на вкусот. Исто така дегустаторите кажуваат дека оваа водка има остар вкус. Како и да е овој пијалок е запакуван во интерсно шише кое вреди да се најде и проба.
Fruko-Schulz Веројатно никогаш не сте слушнале за црната вотка Fruko-Schulz. Ова е Чешки производ кој ги задоволува најдобрите Источно Европски стандарди. Производителите го користат најдоброто жито и посебно вода за да изврши перфектна дестилација. Како резултат на сето тоа се добива супериорна црна водка.
Eristoff Eristoff е 100% производ од житарици, три пати е дестилиран и исфилтриран со дрвен јаглен до максимум. Додека се произведува стандардна црна водка од овој тип, компанијата се занимава и со посебна серија на црни водки. Постојат водки со вкус на овошје како на пример најпозната е онаа со вкус на јагода. Најчесто тоа е пијалок за во клуб на кој можете да му додадете енергентски пијалок или нешто по ваша желба.
Znaps Vodka Секој кој што бил во Шведска дефинитивно пробал Znaps водка. Оваа водкапретставува чист и одличен производ од Скандинавската нација. Znaps е име добиено од Германскиот збор schnapps. Оваа водка може да се набави само во Европа и во Јужна Америка. Се произведуваат 9 вида на оваа водка и тоа со вкус на: лимон, ванила, црна рибизла, црн трн, бозел, ружа, дива јагода, јаболко и водка наречена Black Jack. | |
| | | Sponsored content
| Subject: Re: Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki | |
| |
| | | | Pedlozi za nekoi stvarno dobri pijacki | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | You cannot reply to topics in this forum
| |
| |
| |
|