Се вели дека алкохолот на луѓето им помага да се "утешат" и да ја намалат својата тага, но всушност алкохолот само ја продолжува и зголемува тагата, покажа...
... истражувањето кое беше спроведено на универзитет во Токио.
Експертите утврдиле дека етанолот кој е состојка на алкохолот, не го потикнува доброто расположение и забавата (како што се верува), туку напротив придонесува спомените да останат подобро вградени во помнењето.
Научниците советуваат да не се посегнува по алкохол кога сакаме да заборавиме некое непријатно искуство, туку подобро е што побрзо да го замениме со некое пријатно искуство.
"Лошите спомени од кои сакаме да се ослободиме, се подолго ќе бидат во нашиот живот ако се обидуваме тоа да го направиме преку "алкохолизирање".
Иако во моментот на алкохолизирање тагата е заборавена и се чувствуваме еуфорично, алкохолот носи контра ефект после отрезнувањето", истакнaa истражувачите.