Со снимањето на мозокот на корисниците на кокаин, група научници ја откри потенцијалната биолошка база за зависност од кокаин, што објаснува зошто кај некои...
.. луѓе се развива тешка зависност од кокаин, додека други луѓе повремено можат да ја користат оваа дрога.
Снимките на мозокот кои ги направија научниците од "Trinity College" во Даблин, покажуваат дека кокаинот ги менува деловите на мозокот кои го управуваат однесувањето и правилното донесување на одлуки.
Тое е главната шричина поради што оваа дрога влијае на т.н. сила на умот, која не е доволна силна кај поединци, па затоа и ги прави пораниливи.
Истражувачите го снимале мозокот на корисниците на кокаин додека извршувале одредени компјутерски задачи, и откриле дека кокаинот ја зголемува активноста на предниот дел на мозокот, и дека постојат одредени разлики во мозочната структура кај овие лица.
Меѓутоа, сеуште не е јасно дали пронајдените разлики постоеле и пред конзумирањето на кокаин, или пак се резултат од употребата на дрогата.
"Ова истражување ни помогна да се одалечиме од ставот дека зависноста од дрога е морална слабост и ја набљудуваме како медицинска состојба", објасни докторот Hugh Garavan, за BBC.