| we are the best www.hofman.blog.com.mk www.kolekcioner.piczo.com |
|
| Mesta kade ima Zabavi | |
| | Author | Message |
---|
AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Mesta kade ima Zabavi Wed Apr 09, 2008 2:26 am | |
| "Doubletree requiem" во ТРИ Издавачкиот Центар ТРИ во среда (09-04-2008) со почеток во 20 часот во својата кафе книжарница во ГТЦ ќе одржи промоција на најновата книга со визуелан поезија на Митрополит Методиј Златанов Doubletree requiem. Книгата ќе ја промовира Роберт Алаѓозовски, а пред книжарницата авторот ќе ја постави инсталацијата Трипесмец. Инсталација на три кинетички песни, чија структурална затвореност во себе им овозможува бескрајна ротација и читање. Секоја од песните ќе биде поставена на посебен монитор.Семантичките вредности на универзалните јазици и писма се историската подлога од која изникнуваат безбројните лични јазици, т.н. идиолекти, кои мртвото слово на пораката го претвораат во вечно жива комуникациска енергија. Употребувајќи ги едните и исти знаци систематизирани во конечниот број азбуки, човекот создава лични дискурси со кои на самосвоен начин му зборува на светот неомеѓен од просторот и од времето. Овој феномен е им е својствен само на литерарните знаквни системи, туку подеднакво и со музичките.
Нотните и невматските системи на запишување на звукот (гласот) се музички азбуки кои во западната цивилизација се универзална форма (уни-форма) со векови. Независно од нив, од периодот на модерната генерално, иако тоа не значи дека не постојат идивидуални парадигми и претходно, автохтоните начини на запишување на музичките дела се претвораат во една сосема нова писмена традиција, која продуцира музички идиолекти и индивидуални изразни можности во потполната слобода не само на личносното испишување, туку и во личносното исчитување на музичката партитура.
Поаѓајќи од оваа теза, идејата на авторот на “Doubletree requiem” е, низ составувањето на комплетна партитура за Реквием, како класичен музички жанр, да истражува во контекстот на еден особен музички идиолект - интермедијалитет - кој ќе биде третиран како визуелна, а во одредени ставови од Реквиемот и како конкретна поезија, со можност, овој поетско-музички материјал да се прочита и како класично музичко дело податно за конвенционално сценско изведување.
Основното истражување и интерес се свртени подеднакво кон можностите на јазикот на симболите и неговата хиперсемантичност, како и кон стилските препрочитувања на Реквиемот како литургиска драма со евхаристиско-есхатолошки конотации, која произлегува од заупокоената Миса во традицијата на западното хриситијанство. Премостувањето на традициските, медиумските и стилските матрици кои ја образуваат оваа поетско-музичка одисеја секако е голем придонес во тековите на современата уметност кај нас. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Mesta kade ima Zabavi Wed Apr 09, 2008 2:24 am | |
| "Денови на Кариера" со AIESEC AIESEC Скопје, работејќи во насока на подобрување на можностите за вработување на младите луѓе, по 12-ти пат го организира настанот Денови на Кариера. Оваа година, AIESEC ги носи компаниите и последипломските школи на територија на студентите, одржувајќи го настанот на платото меѓу факултетите за општествени науки (Економски, Правен, Филозофски, Филолошки), во периодот од 10-16 април. Настанот “Денови на Кариера“ традиционално е платформа каде се сретнуваат успешните македонски компании со перспективните млади луѓе, со цел да се иницира соработка меѓу двете страни за градење на кариера, практична обука, реализирање на дипломска работа, регрутирање на кадри итн. Овогодишното издание на “Денови на Кариера“ е под директно покровителство на Универзитет ”Св. Кирил и Методиј” и претставува дел од долгорочната цел на започнување на кариерен центар во оваа високообразовна институција. Повеќе инфо на www.careerdays.org.mk | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Mesta kade ima Zabavi Wed Apr 09, 2008 2:21 am | |
| Carwash Band @ Barista Овој Четврток (10.04.2008 год.) во кафулето Barista (плоштад Македонија) настапува бендот Carwash.
По кратката (креативна) пауза од скопските клубови и кафулиња (Castro, Marakana, Shankly`s, Casablanca..) бендот Carwash повторно заедно во нов состав: Гитара: Коста Бас: Мето Тапани: Игор Вокал: Игор Свирката почнува во 21:00ч. Информации и резервации на тел. 02/ 312 33 55 | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Mesta kade ima Zabavi Wed Apr 09, 2008 2:19 am | |
| Овој четврток во клубот Colosseum гостува DJ Glenn Morrison Glenn Morrison живее и дише електронска музика. Електронската бубачка го обзема уште во неговите студентски денови и неколку години работи во Release Records од каде и асистира за други лејбели како Twisted Frequency (UK), Babylon Records (France) и DK Records (Holland). Последната година одлучува да го следи својот пат, заситен од клишеата што продуцентските куќи ги промовираат.
Тој ја креира Morrison Recordings која станува колекција на предвремени артисти од целиот свет кои се специјализирани во подлиценцирање на видео компјутерски игри, филмови и филмски права. Работел и комерцијална работа за Kelloggs, Gain и General Mills и моментално работи со EA Sports, Rockstar Videogames, Sony, EMI, Virgin Music, Mercedes Benz, Motorola, Gain и со многу други.
Домаќин е на свое шоу “Sequence” каде носи разни Dj како гости и ја промовира музиката во секоја нејзина форма доколку смета дека е заслужна за тоа. Гостувал со своте миксови на престижни радио емисии како што се Ministry of Sound Radio, The Red Zone, Plattenleger и FG 93.7. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Mesta kade ima Zabavi Sat Apr 05, 2008 11:44 pm | |
| Gossip на главната бина Главната бина на Егзит доби ново име-американскиот панк рок бенд Gossip кој ќе настапи на фестивалската сцена во петок на 11 ти Јули, заедно со Primal Scream и Paul Weller.
Исто така, потврдени се првите два “живи” настапи на Денс Арената:електро рок бендот Ѕoulwax во петок, 11 ти Јули, како и германското тек хаус дуо Booka Shade за 13 ти Јули, недела.
Gossip оригинално доаѓаат од Арканзас, каде се основани во 1999 та година, но истата година тие се преселија во Олимпија, град во близината на Портланд, во американскиот северозапад, каде што и ден денес живеат. Причината за нивната преселба е инспирацијата од тамошната “riot grrrl” сцена и бендовите како Bikini Kill, Sleater-Kinney и Bratmobile, но и првобитното потпишување на независниот издавач “K Records”, а потоа и за култната етикета “Kill Rock Stars” за која ги издадоа своите три албуми.Нивниот звук се состои од остри панк рок рифови кои ги свири гитаристот Nathan “Brace Pain” Howdeshell, гласниот пого диско ритам на тапанарката Hanna Blili, следени од емотивно набиениот соул призвук кој со својот вокал го носи енергичната фронтменка на бендот Beth Ditto. Gossip припаѓа на “qeercore” сцената и нивните ангажирачки текстови често го истакнуваат значењето на слободата на сексуалното определување како и полната рамноправност на браковите од ист пол, за што најдобро говори нивниот најпопуларен сингл од истоимениот албум “Standing In The Way Of Control” изработен од продуценти на електронска музика меѓу кои се Tiga, Playgroup, Linus Loves, Le Tigre и Soulwax.
Oвој трочлен состав настапи на фестивалите како што се Glastonbury и Reading, a беа дел и од “True Colours” турнејата од 2007 ма, заедно со Cindy Lauper, Debbie Harry и Erasure, а се дружат и често свират со групите White Stripes, Li Tigre и The Hives.Нивните настапи се исклучително енергични и постојано на ивицата од спектакуларен екцес. | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Re: Mesta kade ima Zabavi Sat Apr 05, 2008 11:41 pm | |
| Punk-hard core култура! 6 април, недела, club CASTRO, 100 ден, 21 ч, TWN (tankwarningnet, Скопје) и SMF (Белград, Србија) SMF(Белград, Србија) бендот е настанат 1989 г., дечките се од белградските предградија и свират hardcore, со примеси на metal и punk. Имаат издадено 3 албума, Даље нечеш моќи...(1994), Лако чемо(1998), и Ма коме мајку(2007). Нивната музика се карактеризира со брутален звук , агресивна свирка, сето тоа замислено како добра забава и пародија. SMF е бенд кој од самиот почеток ја има забавата како примарна цел, пред се да и пружи забава на публиката со својот настап и со невообичајните ”умоболни” текстови, кои се полни со црн хумор, сарказам и вистински искрени пораки во кои се пронаоѓаат буквално сите луѓе на балканот. Нивната постава е: Сале - Вокал, Даре - Гитара, Француз - Бас, Борис - Бубњеви TWN(Скопје, Македонија) e punk бенд формиран 1995 г. Позади себе имаат еден неиздаден албум, еден сплит винил со Анонимни алкохолики (Словенија), учество на Монте парадисо (Пула), и една балканска турнеја, нивниот карактеристичен анархо punk звук им е добро познат на скопскиот underground. Концертите на TWN се енергични, и приказна сама за себе, сите песни се со текстови кои имаат искрени пораки кон глобалните проблеми со кои се соочуваат луѓето на планетава. Нивната постава за концертов ке биде : Војдан – вокал, Мишко – Гитара, Зајо – гитара, Цоле – бас, Еди, Данко – бубњеви | |
| | | AlexHofman
Number of posts : 140 Age : 37 Registration date : 2008-04-01
| Subject: Mesta kade ima Zabavi Sat Apr 05, 2008 2:57 pm | |
| Jas vetuvam deka ke potrudam da ima redovni izmeni za toa koga i kade ke ima zurki niz cela makedonija se so cel da mozete celosno da veruvate vo nasiot forum da gi dobivate site potrebni informacii od nas a i nie od vas taka da ako znaete nekoja informacija za dobra zurka kazete ja i moze da se druzime na nekoja od niv kade site ke se pronajdeme | |
| | | Sponsored content
| Subject: Re: Mesta kade ima Zabavi | |
| |
| | | | Mesta kade ima Zabavi | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | You cannot reply to topics in this forum
| |
| |
| |
|